Ѓоковиќ на стартот на Шангај ќе се соочи со тенисер против кој има 8-0!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го дозна првиот противник на мастерсот во Шангај, а тоа е Хуберт Хуркач кој на стартот на турнирот славеше против Џејмс Дакворт со 6-3 и 7-6.

Ѓоковиќ ќе игра деветти пат во кариерата против Хуркач, а интересно е тоа што досега го победил во сите осум претходни пресметки.

Последниот нивни меѓусебен дуел беше во финалето во Женева во 2025 година, кога Ѓоковиќ стигна до јубилејниот 100. трофеј во кариерата.

Ѓокоиќ е поставен како десетти носител во Шангај и беше слободен во првото коло, а во Шангај доаѓа по освоената титула во Пекинг.

Фото: Facebook/China Open