Линдзи Вон е неверојатна, направи потег кој никој не го очекуваше
И покрај сè, Американската скијачка федерација ја вклучи во репрезентацијата за претстојната сезона. Вон е номинирана за А-тимот на САД за сезоната 2026/27, што значи дека нејзиното име повторно ќе се најде меѓу најголемите ѕвезди на американското скијање, вклучувајќи ја и Микаела Шифрин.
It’s official! The 2026-27 Stifel U.S. Alpine Ski Team is here⬆️ #stifelusskiteam https://t.co/eEnGGtDSfF
— U.S. Ski & Snowboard Team (@usskiteam) October 7, 2026
До неодамна се чинеше дека скијањето за Вон е далечно минато. На Зимските олимписки игри во 2026 година во Кортина, таа доживеа тежок пад само неколку секунди по стартот.
Последиците беа сериозни. Вон се здоби со сложена фрактура на тибијата, односно тешка повреда на потколеницата при која коската се скршила на повеќе делови. Поради сериозноста на повредата, лекарите мораа да постават надворешен фиксатор, конструкција која се наоѓа надвор од телото и служи за стабилизирање на скршената коска.