Taжен ден за француската кошарка: Згасна актуелниот шампион!

Кошаркарскиот клуб Монако од денеска повеќе не постои, бидејќи клубот од Кнежевството престанува со функционирање по финансискиот колапс што го доживеа ова лето.

Веста за згаснувањето на Монако доаѓа само неколку месеци откако клубот играше во плејофот на Евролигата, каде што во четвртфиналето беше поразен од Олимпијакос.

Само една година претходно, Монако беше вицешампион на Европа, откако во финалето на Евролигата загуби од Фенербахче, а исто така тие се и актуелни шампиони на Франција.

Во денешното соопштение од Монако порачаа дека се надеваат дека ова ќе биде само пауза и дека еден ден ќе се вратат на големата сцена.

„Драга Рока фамилијо, денес е тажен ден. И покрај сите вложени напори, Монако е во стечајна постапка. Клубот сега ќе се повлече, со надеж дека ќе најде начин за реструктуирање и еден ден повторно да го активира проектот. Нашиот тим го напушта теренот како непоразен во домашните натпреварувања минатата сезона, со сите најважни француски трофеи во својата колекција“, стои во дел од соопштението на клупскиот сајт.