Македонија падна за две позиции на најновата ФИФА листа

Фудбалската репрезентација на Македонија по четирите порази во Лигата на Нации забележа пад на ФИФА ранг листата за две позиција.

На најновото рангирање Македонија со 1350.91 бода се наоѓа на 71-та позиција, пред нас е Гана, додека зад е репрезентацијата на Јордан.

Македонија во овој репрезентативен прозорец забележа четири порази од Швајцарија два со по 3-0 и по еден од Словенија и Шкотска со 2-0.

Кога е врвот на листата во прашање, светскиот шампион Шпанија и понатаму е лидер, пред Аргентина, Франција, Англија, Португалија, Бразил, Мароко, Белгија, Холандија и Мексико кој е последен во топ десет.

Новото рангирање на ФИФА е предвидено за 18-ти ноември, а во истиот месец Македонија ја очекуваат и натпревари со Шкотска и Словенија кои ќе бидат последни за нас од ова издание на Лигата на Нации.