Ѓоковиќ не губи во Пекинг - со нова титула ја продолжи доминацијата! (ВИДЕО)
Српскиот тенисер одлично играше во текот на целиот турнир, а денеска победи откако Де Минор го предаде мечот при резултат 1-0 во сетови за Ѓоковиќ.
Во првиот сет двата тенисери беа сигурни на својот сервис, па се решаваше во тај-брејк. Таму Ѓоковиќ беше подобар со 7-3. Веднаш потоа дојде до необична ситуација во која двајцата тенисери побараа медицински тајм-аут.
Novak Djokovic is playing like this at 39 years old. Out of this world. https://t.co/XIu0pMdKnJ
— José Morgado (@josemorgado) October 6, 2026
Но, очигледно проблемите на Австралиецот беа поголеми затоа што по само еден гем кој го освои одлучи да го предаде финалето. Ќе потсетиме, Ѓоковиќ и вчера не го одигра својот меч до крајот бидејќи повторно во моменти кога имаше предност дуелот со Медведев се прекина откако Русинот беше дисквалификуван.
За Новак ова е седма титула на турнирот во Пекинг каде што претходно последен пат играше во 2015 година.