Пелистер на поправен во Гдањск, Червар доби и засилување (ФОТО)
По домашниот пораз од Ла Риоха пелистерци ќе ги бараат првите европски бодови, но сепак улогата на благ фаворит е на страната на полскиот состав.
Двете екипи во натпреварот влегуваат со идентична форма од еден пораз на последните пет средби. Домаќините сепак групата ја почнаа со победа на гости кај Гумербах и веќе имаат два бода.
Лино Червар за овој натпревар ќе има на располагање и нов ракометар бидејќи Французинот Саду Нтанзи беше регистриран за натпреварите во ЕХФ. Сепак, од комбинација отпадна Ник Хенигман кој доби црвен и син картон во минатото коло.
Покрај него отсутни се: Миха Котар, Давид Брестовац, Диего Басанесе и Малик Татар.
