Модриќ не размислува за пензија: Додека ме сакаат, ќе бидам тука

Лука Модриќ не планира наскоро да стави крај на репрезентативната кариера. Капитенот на Хрватска порача дека ќе продолжи да игра за националниот тим сè додека се чувствува добро и додека селекторот има желба да го има во составот.

Модриќ зборуваше за својата иднина во репрезентацијата во пресрет на новиот натпревар на Хрватска против Шпанија. Прашањето за пензионирањето повторно беше во центарот на вниманието, особено по тешкиот пораз од Англија.

И покрај тоа што е во поодмината фаза од кариерата, искусниот играч за врска и понатаму е еден од клучните фудбалери на Хрватска.

„Во тешките моменти сакам да бидам тука. Фудбалот не се само добри работи. Играм со гордост и секогаш кога доаѓам во репрезентацијата, тоа ме прави среќен и горд. Додека се чувствувам така и додека селекторот сака да бидам тука, ќе бидам тука. За мене нема поголема среќа и гордост од тоа да бидам овде со овие момци кои ги обожавам“, изјави Модриќ.

Изјавата на Модриќ доаѓа по тешкиот пораз на Хрватска од Англија со 0-7. По тој натпревар искусниот фудбалер призна дека за првпат почувствувал срам по настап на националниот тим.