Уште еден гигант влезе во битка за Ендрик

Жозе Мурињо на почетокот на оваа сезона донесе одлука, Ендрик да остане во Мадрид, но сепак засега не му дава многу простор за игра. 

Само неколку минути оваа сезона се премалку за развојот на еден млад фудбалер на кому му се потребни натпревари и минути. И додека веќе се пишува за нова позајмица во јануари, многу клубови веќе го подготвуваат планот според кој би го довеле во своите редови.

Веќе се споменуваа Рома и Лион, а сега во трката се вклучи и нов клуб. Станува збор за Милан, кој го сака на позајмица во јануари до крајот на сезоната. Нападот на калчолигашот не функционира баш идеално, а „росонерите“ сметаат дека Ендрик би донел квалитет кој е повеќе од потребен за постигнување уште повеќе голови.

Сè поизвесно е дека овој фудбалер во јануари ќе го напушти Реал, но Мадриѓаните многу тешко ќе се откажат од него кога станува збор за неговата иднина.