Франција со пресврт ја распарчи Белгија, Италија ја надигра Турција

Фудбалерите на Франција на неверојатен начин стигнаа до победа од 4-1 против Белгија, додека Италија со 3-1 славеше над Турција во четвртото коло од Лигата на нации.

Белгија го презема водството во 35. минута преку Доди Лукебакио и успеа да го зачува до самиот финиш на натпреварот.

Франција се разбуди во последните 15 минути од средбата, кога постигна дури четири погодоци, а сè почна од Десире Дуе.

По голот на Дуел следеше нов удар од Франција, а овој пат погоди Рајан Шерки за пресврт (2-1), додека до крајот на средбата двапати погоди Мајкл Олисе.

Италија одигра интересен меч против Турција, но успеа да слави со 3-1 на домашен терен за втора победа во Лигата на нации.

Џанлука Скамака погоди за предност од 1-0 во 26. минута, додека Турција израмни во 61. минута (1-1).

„Аѕурите“ повторно го вратија водството преку Рикардо Калафиори, додека конечните 3-1 ги постави Франческо Еспозито.

Останати резултати:

БиХ – Полска 1-0
Романија – Шведска 0-1
Северна Ирска – Грузија 0-0
Украина – Унгарија 1-2
Црна Гора – Ерменија 0-0

Фото: facebook/Équipe de France de Football