Македонија до 21 година со пораз од Шведска ги заврши квалификациите за ЕП

Репрезентацијата на Македонија до 21 година загуби од Шведска со 0-2 во последниот натпревар од квалификациите за Европското првенство (ЕП).

Шведска ја контролираше играта на теренот, а до водство стигна во 15. минута кога Виктор Свенсон погоди за предност од 1-0.

Домаќините продолжија со нападите, а вториот гол го постигнаа во 52. минута кога Ејби Није стрелаше за конечни 2-0.

Македонија заврши на петтата позиција во групата Е со седум бодови.