Ивановски по голема борба до финале во квалификациите во Палермо
Ивановски мораше добро да се намачи за да го обезбеди своето место во финалето од квалификациите, првиот сет го доби со еден брејк и 6-4, додека во вториот Вела напрви брејк во последниот 12-т гем и успеа да го израмни резултатот.
Сепак, во третиот решавачки сет Ивановски беше на високо ниво кога беше најпотребно и одново со еден брејк направен во деветтиот гем дојде до конечна победа.
Во финалето за место на Челинџер турнирот македонскиот тенисер го чека уште еден домашен натпреварувач и тоа Федерико Арнаболди, мечот е закажан за утре 11 часот наутро.
Турнирот во Палермо се игра за награден фонд од 56.700 евра.