Алкалоид по голема драма го реши Тиквеш за „пет од пет“

Ракометарите на Алкалоид вечерва триумфираа со 31-30 против Тиквеш за петта победа по ред во македонската Суперлига.

Екипата од Автокоманда го контролираше првото полувреме и замина на паузата со 18-15, додека на стартот на вториот дел поведе и со „плус пет“ (25-20).

Избраниците на Кире Лазаров во финишот влегоа во лоша серија, а тоа знаеше да го искористи Тиквеш, кој успеа да израмни на 30-30, меѓутоа Алкалоид успеа по голема драма да триумфира со 31-30.

Најефикасни во победничкиот тим беа Митев и Костески со по пет голови, додека Махфуд запиша седум погодоци за Тиквеш.

На вториот меч, кој се играше во ист термин вечерва, Прилеп и Струга си поделија по еден бод (29-29).