Бизарно: Центар на Детроит доби договор од 200 милиони долари и дозвола да биде – дебел!
Кошаркарот првично инсистираше на астрономски договор од 287 милиони долари, но раководството на франшизата остана цврсто на својата понуда. Дурен на крајот мораше да ја прифати реалноста, но сепак успеа да извојува една важна победа надвор од финансискиот дел. Настојувајќи да го притисне клубот, Дурен дури и го бојкотираше официјалниот медиумски ден на Детроит, но тоа не ги исплаши неговите работодавци. Како компромис, од новиот договор е целосно избришана клаузулата поврзана со неговата телесна тежина (да не смее да се здебели). Според американските медиуми, оваа специфична точка во договорот длабоко го навредила центарот и била една од главните причини зошто тој толку долго одбивал да ја продолжи соработката со тимот.
Дурен во првата сезона ќе инкасира 34,5 милиони долари, сума со која се израмнува со Алперен Шенгун и Џру Холидеј на 50-тото место на листата на најплатени играчи во НБА лигата. Во втората година платата ќе му се зголеми на 37,2 милиони, во сезоната 2028/29 ќе ја надмине границата од 40 милиони, следната година ќе заработи 42,8 милиони, за во последната сезона од договорот да стигне до максимални 45,5 милиони долари.
Главната причина поради која Детроит категорично одби да му ја исплати бараната сума од 287 милиони долари е неговиот драстичен пад во формата за време на плејофот. Откако одигра одлична регуларна сезона во која бележеше „дабл-дабл“ учинок со просек од 19,5 поени и 10,5 скокови по натпревар, неговите бројки во доигрувањето паднаа на скромни 10,2 поени и 8,5 скокови, што беше доволен сигнал за управата да не попушти пред неговите максимални финансиски барања.
ФОТО: X / @SleeperPistons