Веспрем ја разнесе Барса за втора титула светски клупски шампион

Веспрем е новиот светски клупски шампион, откако во финалето во Каиро ја декласираше Барселона со 42-33..

Унгарскиот тим одигра фантастичен натпревар и уште на стартот направи серија од 8-1, поведувајќи со 9-3. Барселона успеа да се приближи на 14-16, но Веспрем до полувремето повторно ја зголеми предноста на шест гола.

Во вториот дел Веспрем продолжи во ист ритам и постепено ја зголемуваше предноста. На крајот стигна до убедливите 42-33 и ја освои втората титула во историјата на Светското клупско првенство. Ова беше и рекордна победа во финалињата на натпреварувањето по разлика од девет гола, а Веспрем стана првиот тим кој постигнал 42 гола во едно финале.

Најефикасен беше Уго Деска со 10 гола, додека за играч на натпреварот беше прогласен Емил Нилсен, кој летово премина токму од Барселона во Веспрем, а вечерва забележа 12 одбрани.

За Веспрем ова е втора титула на Светското клупско првенство, по оној во 2024 година.