Детали драмата: Жесус му ветил извинување на Роналдо и го излажал!
Роналдо во текот на вчерашниот ден веднаш по прес-конференцијата на селекторот Жесус ја напушти репрезентацијата и порача дека подоцна ќе открие зошто заминува.
Сега, Агире се обиде да објасни зошто Роналдо се почувствувал изневерено и предадено од селекторот.
Како што е познато Роналдо беше на клупата во претходниот натпревар и не доби прилика за игра, иако се загреваше половина час. За таквата ситуација Жесус во разговорот побарал прошка од Роналдо и му ветил дека јавно ќе му се извини на прес-конференцијата.
Сепак, на прес-конференцијата Жесус не само што не се извини туку порача и дека Роналдо е „играч како и сите други“, таквиот однос придонел фудбалерот на Ал Наср да збесне и да си замине.
„Замислете вашиот тренер приватно да дојде кај вас и да ви каже: ‘Не постапив добро, заедно сме во ова, но прости ми. Ќе разјаснам сè на прес-конференцијата и ќе се извинам. Сè ќе биде во ред, не грижи се“...за потоа да излезе на прес-конференција и да каже дека тој е тој што ја има контролата и дека Кристијано е само уште еден играч’. Нормално дека ќе се налутите“, објаснува Агире.
Инаку Португалците не чекаа долго и според официјалниот сајт на УЕФА неговата „седмица“ за вечерашниот натпревар со Данска веќе е доделена на Рафаел Леао.