Како едвај да чекаа да замине: „Седумката“ на Роналдо експресно доби нов сопственик!
Легендарната „седумка“ експресно по заминувањето на најголемата ѕвезда на тимот доби нов сопственик и тоа според сајтот на УЕФА за вечерашниот натпревар со Данска ќе биде Рафаел Леао.
Ќе потсетиме, во текот на вчерашната прес-конференција селекторот Жорге Жесус порача дека ниту еден играч не е поголем од репрезентацијата и најави дека Роналдо повтроно ќе биде на клупата.
Очигледно тоа фудбалерот на Ал Наср не го поднесе најдобро и веднаш потоа го напушти кампот порачувајќи дека наскоро ќе откри што се случувало и зошто заминува.
Фото: Portugal/X