Ништо од одземање бодови и титули, Невил знае која би била најголема казна за Сити

На темата со Манчестер Сити зборуваше и поранешниот фудбалер на градскиот ривал, Јунајтед Гери Невил.

Се споменуваат различни казни од одземање на бодови и титули до исфрлање во најниската професионална лига во Англија. Но, Невил смета дека ништо од тоа не би било најголема казна. 

„Одземање бодови, парични казни, забрана за трансфери, одземање титули... Сето тоа се значајни казни. Но, единствената казна која навистина би имала големи последици и најголеми би била сопствениците да бидат принудени да си заминат. Да им биде забрането понатаму да бидат сопственици“, рече Невил.

„Тоа е единствената казна од која јас би се плашел доколку бев Манчестер Сити. Од перспектива на навивач на Манчестер Сити, ако сакате да ги задржите инвестициите што ги имате сега, тоа е единственото нешто што би ме загрижило. Ако во фудбалот ве интересираат последиците, што може да биде посериозно од ваков вид финансиски допинг за каков што тие се прогласени за виновни? Не се радувам на ова, ова е ужасно. Јас навивам за Јунајтед, Џејми Карагер за Ливерпул, Рој Кин и Ијан Рајт играа за Јунајтед и Арсенал.

Ситуацијата ја спореди со италијанскиот скандал Калчополи.

Ужасно ми е што го гледам сето ова. Италијанскиот фудбал по Калчополи веќе 25 години се мачи. Не велам дека тоа ќе се случи и со Премиер лигата, но ние секогаш мислиме дека имаме огромен интегритет, дека сме лига која поставува стандарди за останатите кои се борат со корупција, измами, допинг, скандали, местење натпревари и скандали со судиите. Сега тоа дојде пред нашата врата, во нашата лига.