Ефект Роналдо: Португалија за помалку до 24 часа изгуби 1.5 милион „фанови“

Заминувањето на Кристијано Роналдо од кампот на репрезентацијата во Данска, пред натпреварот од Лигата на нации, како и најавата дека тоа би можело да биде и дефинитивно збогување со репрезентацијата го шокираше фудбалскиот свет.

За помалку од 24 часа откако Роналдо објави дека ја напушта репрезентацијата, официјалниот профил на португалската фудбалска репрезентација на Инстаграм масовно губи следбеници. По првичниот пад од 500.000 следбеници, падот дополнително се продлабочи, па профилот за кратко време загуби вкупно 1,5 милиони следбеници.

По веста за заминувањето на Роналдо од репрезентативниот камп поради конфликтот со селекторот Жорже Жезус, бројот на следбеници на официјалниот Инстаграм профил на Португалија падна од 26 милиони на 24,5 милиони.

Овој драстичен пад е директна последица на револтот на навивачите на Кристијано Роналдо, кои масовно повикуваат на „unfollow“ на официјалните страници на Португалската фудбалска федерација поради односот кон капитенот.

Инаку, според официјалната страна на УЕФА за вечерашниот дуел со Данска Португалија веќе има нова „седмица“ и тоа е Рафаел Леао.