Трето коло во ЛШ: Вардар ги пушти во продажба за гостувањето на Висла Плоцк

Вардар ги пушти во продажба билетите за натпреварот од третото коло во Лигата на шампионите во кое македонскиот шампион ќе биде домаќин на полскиот гигант Висла Плоцк.

Сезоната во европската елита Вардар ја почна со два порази, прво кај Мелсунген во Германија, а потоа и на домашен терен во драматичен натпревар против француски Нант.

Билетите во зависност од местото на седење се протаваат по цена од 400 до 600 денари и може да се купуваат онлајн ТУКА или во фаншопот на „Јане Сандански“ секој работен ден од 10 до 18 часот и сабот од 10:15.

Вардар исто така испрати и апел до сите кои ќе присуствуваат да дојдат во салата најдоцна до 20:30 часот за да се избегне метеж.

Натпреварот се игра на 8 октомври во терминот од 20:45 часот.