Како едвај да чекаа да замине: „Седумката“ на Роналдо експресно доби нов сопственик!

Кристијано Роналдо вчера го напушти кампот на репрезентацијата на Португалија која како едвај да чекаше да се ослободи неговиот број.

Легендарната „седумка“ експресно по заминувањето на најголемата ѕвезда на тимот доби нов сопственик и тоа според сајтот на УЕФА за вечерашниот натпревар со Данска ќе биде Рафаел Леао.

Ќе потсетиме, во текот на вчерашната прес-конференција селекторот Жорге Жесус порача дека ниту еден играч не е поголем од репрезентацијата и најави дека Роналдо повтроно ќе биде на клупата.

Очигледно тоа фудбалерот на Ал Наср не го поднесе најдобро и веднаш потоа го напушти кампот порачувајќи дека наскоро ќе откри што се случувало и зошто заминува.

Фото: Portugal/X