Судијата од ремито со Италија ќе ни суди против Шкотска
За главен судија избран е Французинот, Франсоа Летексие кој е еден од најдобрите европски судии во овој момент, како доказ за довербата од УЕФА го доби и финалето на Европското првенство во 2024 година.
Помошници ќе му бидат неговите сонародници Сирил Муние и Мехди Рамуни, додека четврти е Гјом Паради. Во ВАР судијата ќе бидат Матје Вернис и Белгиецот, Ван Дрисше.
Досега Летексие ѝ судеше на Македонија само еднаш и тоа исто така во Скопје во натпревар во кој ремизиравме со Италија.
Фото: UEFA