Хрватскиот селектор брутално го навреди судијата: Што ме гледаш - идиоту еден (ВИДЕО)

Селекторот на фудбалската репрезентација на Хрватска, Славен Билиќ, се најде во центарот на голем скандал, откако беше „уловен“ во пренос во живо како жестоко го навредува главниот судија на гостувањето против Шпанија (1-4).

Пораз сам по себе претставува разочарување, но регионалната и светската спортска јавност остана далеку повеќе шокирана од неспортското однесување на хрватскиот стратег кое се случи во 75. минута од натпреварот. При резултат убедливо водство на домаќинот (3-1), Билиќ бурно реагираше пред својата клупа, цврсто убеден дека шпанската репрезентација неправедно добила посед на топката откако таа претходно очигледно ја минала аут-линијата. Губејќи ја контролата над своите емоции поради одлуката на арбитарот, тој почна да вика директно во негов правец.

„Идиот еден, топката беше излезена! Што ме гледаш?! Волку беше излезена!“, урлаше Билиќ, додека неговите зборови јасно се слушнаа во телевизискиот пренос.

Видеото од инцидентот погледнете го ТУКА.