Словенија ги искористи шансите, Македонија продолжи неефикасно - 607 минути без даден гол!
Македонија натпреварот го почна со речиси цел променет тим и во однос на дуелот со Швајцарија во Скопје пред три дена Седлоски направи осум измени. Таквата шок терапија донесе нешто посвежа и подобра Македонија во првото полувреме, сепак во второто како да дојде до пад на концентрацијата.
Словенија уште на стартот од натпреварот по две минути игра сериозно се закани и ја погоди пречката од голот на Димитриевски. Македонија во наредните минути изгледаше нешто подобро од пред три дена, но никако не успеававме сериозно да се заканиме. Словенија го имаше поседот, напаѓаше повеќе, а на паузата се замина со почетниот резултат.
По десетина минути од вториот дел Словенија успеа да го скрши нашиот отпор, а стрелец на голот беше Ловриќ. Претходно словенечките фудбалери пропуштија и 100% моижност по грешка на Аломеровиќ.

По голот на домаќините, Македонија тргна офанзивно, а во 61-та минута игра влезе и Христијан Малески и за најдобриот стрелец од ПМФЛ минатата сезона ова беше деби во националниот дрес. Заедно со него на теренот истрча и Барди кој го замени Елези.
Наредните 10-15 минути беа можеби и најдобрите на Македонија во овој дуел, но и тука не упативме удар во рамките од голот на домашната репрезентација и неколку наши обиди беа изблокирани.
Најголемата шанса ја имаше Малески кој се обиде две минути по голот на Словенија, меѓутоа Облак го одбрани неговиот обид.
Словенија точка на натпреварот стави во 82. минута со голот на Матко. Македонија нов натпревар ја очекува веќе в сабота кога во Скопје ќе гостува Шкотска која вечерва исто така претрпе пораз од Швајцарија на свој терен со 3-0.
За Македонија ова беше и шести натпревар во кој не постигнавме гол, последен кој стрелаше за нас беше Миовски во поразот од Велс во 23-тата минута од таа средба.
🚨Aljoša Matko 82' Assist by Danijel Šturm
— Goals Xtra (@GoalsXtra) September 29, 2026
🇸🇮 Slovenia 2-0 North Macedonia 🇲🇰pic.twitter.com/d4QKeaEYqh