РФМ ги казни Вардар и Тиквеш со вкупно 80.000 денари

Дисциплинската комисија на Ракометната федерација на Македонија денеска донесе одлуки за парични казни Тиквеш и Вардар за натпреварот кој го имаа во Кавадарци.

Поради слаба организација на натпреварот, Тиквеш ќе мора да плати 50.000 денари.

Од друга страна Вардар ќе плати 30.00 денари како казна за недоличното однесување на своите навивачи бидејќи од делот на гостинската трибина беа фрлани предмети на теренот.