Премиер лигата ги потврди сите обвиненија, Сити веднаш се огласи!
Станува збор за сериозни прекршувања на финансиските правила на Премиер лигата во период од девет сезони, како и за повеќето точки поврзани со несоработката во истрагата што ја водеше лигата.
Клубот има право на жалба на наодите на независната комисија, а рокот за поднесување жалба истекува во петок, 2 октомври.
Намерата на раководството на Премиер лигата е целиот процес (вклучително и евентуалните жалби и објавувањето на релевантните одлуки) да биде завршен што е можно поскоро.
🚨 𝗢𝗙𝗙𝗜𝗖𝗜𝗔𝗟: An independent Commission has found Manchester City 𝗚𝗨𝗜𝗟𝗧𝗬 of all charges related to serious breaches of the Premier League’s financial rules over a 9-season period, and the majority of charges in relation to its failure to co-operate with the League’s investigation. (Source: @premierleague)
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) September 29, 2026
Независната комисија утврди дека во периодот од сезоната 2009/10 до сезоната 2017/18:
- Манчестер Сити склучувал фиктивни договори (со кои погрешно се прикажувала вистинската договорна спогодба меѓу страните) со низа комерцијални партнери, како и дека се потпирал на фиктивни договори со други страни, со цел вештачки да ги зголеми приходите на клубот и да ги намали трошоците.
- Клубот поднесувал неточни финансиски извештаи и ја прикривал вистинската состојба на своите финансии од ревизорите и фудбалските регулаторни тела.
- Манчестер Сити значително ги прекршил ограничувањата за трошење пропишани со правилата на Премиер лигата и УЕФА.
- Во текот на истрагата на Премиер лигата, Манчестер Сити повеќепати ги прекршил своите обврски за соработка и постапување со добра волја кон лигата (потврдени се три од четирите наводни прекршувања на тие обврски).
Веднаш откако Премиер лигата ги потврди обвиненијата се огласи и Манчестер сити кој и понатаму тврди дека е невин, но и дека има докази во своја корист. Исто така клубот потврди дека ќе го искористи правото на жалба.
„Манчестер Сити е разочаран и изненаден од мислењето на Комисијата на Премиер лигата, кое беше објавено денес. Клубот е невин во однос на обвиненијата на Премиер лигата и постои обемен сет на непобитни докази што ги поддржуваат сите негови ставови во овој случај. Затоа, клубот ќе биде неуморен и, каде што е потребно, проактивен во сите соодветни регулаторни и правни форуми.
„Постапката на Премиер лигата сè уште трае, а значајни делови од неа сè уште не се завршени. Манчестер сити сега ќе ги искористи можностите за жалба што му стојат на располагање, врз основа на тоа што ова мислење содржи јасни материјални грешки во правото, принципите и фактите и не е сигурно“, објави Сити.