Покетино за скандалот со Сити: Ниту една казна не е доволна за да се поправи штетата!

Поранешниот тренер на Тотнем, Маурицио Покетино во шок ја дочека веста дека Манчестер сити е виновен за прекршување на 114 од 115 точки од обвинението за кршење на финансискиот фер-плеј.

Покетино праша зошто немало контроли во периодот кога „граѓаните“ ги прекршиле правилата.

„Најважно е како ќе бидат исправени работите. Ниту една казна не е доволна за да се поправи штетата. Што се случувало, каде биле контролите? Тоа ме погоди најмногу“, кажа Покетино.

Аргентинецот посочи дека требало да освои барем една титула во Премиер лигата, а ја спомна сезоната 2016/17 кога Челси беше шампион, но и „сините“ беа инволвирани во скандал.

„Кажав дека требаше да освоиме барем една титула во Премиер лигата. Да ни биде доделена. Бевме втор најдобар тим во лигата тогаш“, посочи тој.