Алиоски поради повреда не допатува во Љубљана

Македонската фудбалска репрезентација утре ќе игра против Словенија во вториот натпревар од Б-сегментот во Лигата на нации, но селекторот Гоце Седлоски нема да може да смета на Езгјан Алиоски.

Алиоски не отпатува во Љубљана за пресметката против Словенија поради повреда на листот, па ќе работи во Скопје со медицинската екипа со цел да биде подготвени за останатите два меча од овој репрезентативен циклус.

Натпреварот меѓу Словенија и Македонија се игра утре во Љубљана со почеток од 20.45 часот.