Над 610 милиони евра се во игра: Познато по колку би добиле екипите од Манчестер сити!
Откако независната комисија, според досегашните извештаи, го прогласи Сити за виновен по 114 од 115 точки во случајот со финансиските правила на Премиер лигата, започнаа пресметките за можните последици. Санкцијата сè уште не е одредена, а Манчестер Сити се очекува да поднесе жалба.
Премиерлигашите кои настапувале во периодот од 2011/12 до 2025/26 би можеле хипотетички да добијат дополнителни 613,8 милиони евра доколку резултатите и пласманите на Сити се отстранат од пресметките за распределбата на средствата од награди.
Во оваа анализа, најголема потенцијална разлика има кај Евертон, со околу 33,6 милиони евра. Манчестер Јунајтед би имал околу 32,7 милиони евра, а Вест Хем околу 32,7 милиони евра. Кристал Палас би бил на околу 31,8 милиони евра, додека Њукасл би имал околу 31,3 милиони евра. Челси би добил околу 30 милиони евра, Тотнем околу 29,7 милиони евра, Ливерпул околу 28,4 милиони евра, додека Арсенал би имал околу 24,8 милиони евра во потенцијална разлика.
Сепак, важно е да се нагласи дека овие бројки не претставуваат официјално утврдена обврска на Манчестер Сити. Станува збор за хипотетичка пресметка на тоа како би изгледале исплатите доколку резултатите на Сити се отстранат од табелите.
Фото: Facebook/Manchester City