На Германците им се повтори Македонија: Грција направи првокласна сензација (ВИДЕО)
За Германија ова е ново непријатно изненадување на домашен терен. Поразот од Грција со 0-1 вечерва потсетува на една од најголемите сензации во поновата историја на германската репрезентација – онаа од март 2021 година, кога Македонија ја совлада Германија со 2-1 во квалификациите за Светското првенство. Тогаш во Дуизбург, Македонија приреди сензација и ја запиша една од најголемите победи во својата историја.
Пет години подоцна, Германија повторно остана без одговор против селекција од која на хартија се очекуваше да има многу полесна задача. Овојпат Грција успеа да слави со 1-0 и да му го нанесе првиот пораз на Јирген Клоп како селектор на Германија и тоа во првиот натпревар на домашен терен.
Грција одигра дисциплиниран натпревар и одлично ги искористи своите моменти. Единствениот гол го постигна Димитрис Курбелис во 74. минута и донесе огромна победа за гостите. Голема заслуга за триумфот има и голманот Константинос Цолакис. Чуварот на мрежата имаше неколку одлични интервенции, а особено се истакна при ударот на Карим Адејеми, со кој спречи Германија да стигне до израмнување.
Грција сега со две победи во првите две кола се наметна како лидер во групата, а интересно е тоа што двата триумфа ги оствари на гостински терен. Избраниците на Иван Јовановиќ претходно ја совладаа Србија со 2-1, а сега направија уште поголем подвиг со триумфот над Германија.
Во вториот меч од вечерашната програма во А-Лигата на нации, Португалија ја победи Норвешка во Осло со 2-1, нанесувајќи му го скандинавскиот тим првиот пораз на домашен терен по 2,5 години. Жоао Феликс ги доведе Португалците во водство во 17. минута, Халанд израмни во 51. но три минути подоцна голманот Ниланд направи катастрофална грешка и му овозможи на Гонсало Рамос да го постави конечниот резултат. Победата на Португалија можеше да биде и поубедлива, но ВАР го поништи вториот гол на Рамос по втората грешка на Ниланд.