Зверев може да стане најдобар во светот уште овој месец

Одлуката на Јаник Синер да го прескокне турнирот од серијата 500 во Пекинг му отвори голема можност на Александар Зверев да стигне до првото место на АТП-листата.

Германецот нема да може да го престигне Италијанецот на овој турнирн, но тоа ќе биде можно, а и прилично реално, по следниот, мастерсот во Шангај кој се игра од 7 до 16 октомври.

Синер во моментов има предност од 1.810 поени пред Зверев на АТП-листата. Италијанецот поради тоа што нема да ја брани титулата во Пекинг ќе загуби 500 поени, додека Германецот брани само 100. Тоа значи дека Зверев ќе има можност со евентуална титула да освои дополнителни 400 поени и да ја намали разликата на 910 поени.

Потоа на ред доаѓа Шангај каде што дури и да настапи Синер, тоа би бил негов прв настап по пауза од три месеци, па не е јасно во каква форма ќе може да игра.  

И Синер и Зверев на овој турнир бранат само по 50 поени, па евентуалното неиграње на Италијанецот само по себе нема автоматски да му го донесе првото место на Германецот. Но, доколку Зверев продолжи да игра во ритамот од последните месеци со освоените Ролан Гарос и Ју-Ес опен, плус финалето на Вимблдон јасно е дека има на што да се надева.