Зидан: Повредата на Мбапе не изгледаше добро
Мбапе постигна гол во 54. минута, но во таа ситуацијата се здоби и со повреда, па само неколку минути подоцна мораше да биде заменет. Реакцијата на голгетерот не најавуваше добри вести, а Зидан потврди дека тој нема да биде на располагање за следните натпревари во овој прозорец.
„Не изгледаше добро и нема да ризикуваме“, изјави Зида на прашањето од новинарите за ситуацијата со напаѓачот на Реал.
Така, Мбапе сега ќе се врати во Мадрид и ќе почне со рехабилитација со цел да биде подготвен за првиот натпревар по репрезентативната пауза кога Реал на 10 октомври ќе игра против Виљареал на свој терен.