Јакин: Ќе бев среќен ако тревата во Скопје беше искосена - вака не може да се игра фудбал!
Јакин најави промени во составот и во тимот ќе има еден или двајца нови фудбалери.
„Ќе имаме еден или двајца нови играчи, младите мора да се интегрираат како во секој квалификациски циклус“, изјави Јакин.
Швајцарците немаа тренинг во Скопје, тоа го направија во Турција, па утрешното излегување на теренот за нив ќе биде прво на тревникот на „Тодор Проески“.
„Кога видовме дека тревата е висока седум сантиметри, бевме среќни што трениравме во Турција. Ќе бев задоволен ако тревата беше искусена, на овој терен не може да се игра фудбал“, се пожали швајцарскиот предводник.
Терминот за натпреварот е 20:45 часот.