Јашари: Македонија ме сакаше, но кога Швајцарија ме побара не размислував
Јашари денеска присуствуваше на прес-конференцијата пред натпреварот, каде што откри дека не се двоумел многу кога пристигнал повикот од швајцарската репрезентација.
„Последен пат во Македонија бев ова лето, со мојата фамилија. Во минатото бев контактиран за да играм за Македонија, но кога добив повик од Швајцарија веднаш го прифатив. Немав дилеми бидејќи сум роден во Швајцарија, таму сум образован и за мене само оваа земја беше опција“, изјави Јашари.
Македонија и Швајцарија утре ќе ги одмерат силите, а почетокот на натпреварот е закажан за 20:45 часот.