Прв пораз за Македонија во Охрид, Црна Гора беше пресилна (ФОТО)
Црногорките денеска беа подобар противник и ја имаа контролата на резултатот од почетокот до крајот и заслужено се радуваа на триумфот.
Македонија резултатски беше блиску само во првата половина од првото полувреме во продолжение гостинските ракометарки беа подобриот противник и на пауза заминаа со предност од 15-6.

Не се промени сликата и во второто полувреме, Црна Гора со сигурна предност ја одржуваше предноста, а ние ниту еднаш не успеавме да се доближиме. На крајот славеа победа со шест голови разлика.
Сара Ристовска и во овој натпревар беше најефикасна кај нас со осум постигнати гола.


