Бразил повторно разочара: Рајан го спаси од пораз против Австралија во 95. минута!

Ѕвездите на Бразил понудија уште еден разочарувачки настап, откако во самата завршница од дуелот против Австралија се спасуваа од пораз (1-1).

„Кариоките“ во 46. минута ја погодија мрежата на Австралија преку Естевао, но радоста не траеше долго затоа што голот беше поништен поради прекршок.

Австралија го шокираше Бразил во 68. минута кога Нестор Иранкунда погоди за предност од 1-0, по што ѕвездите на Карло Анчелоти се обидуваа да ја анулираат негативата.

Бразил се спаси од пораз во петтата минута од судиското надополнување кога Рајан погоди за конечни 1-1.

Фото: Facebook/Confederação Brasileira de Futebol