Ракометарките ја прегазија Србија на дебито на новиот селектор (ФОТО)

Maкедонската ракометна репрезентација со убедлива победа го почна турнирот „Трофеј Македонија“ и против Србија денеска славеше со 29-21.

Избраничките на селекторот Игор Марковиќ кој дебитираше на клупата беа подобар противник во текот на целиот натпревар и ниту еднаш Србија не беше во водство. Србија се одржуваше во првите 15-тина минути од средбата во продолжение Македонија почна да ја зголемува разликата и на паузата замина со највисоки осум разлика 17-9.

Таа разлика нашата репрезентација без проблеми ја одржуваше во второто полувреме во кое Србија во ниту еден момент не беше блиску да го загрози нашето водство.

Најефикасна во нашите редови беше Сара Ристовска со седум гола која беше избрана и за играч на натпреварот, а зад неа беа Ангела Јанкуловска и Ива Младеновска со по пет погодоци, Емилијана Ризовска додаде четири.  На спротивната страна се истакна Александра Васиќ исто така со седум погодоци

Вториот натпревар Македонија го игра утре во терминот од 17:30 часот со Црна Гора, а турнирот го затвораме в сабота против Хрватска, тој дуел се игра од 19:00 часот.

Денеска претходно во првиот натпревар Хрватска и Црна Гора ремизираа 20-20.