ВМФЛ: Охрид го доби Детонит и се искачи на врвот, победа и за Работнички
Фаворитите не дозволија изненадувања, иако Работнички повеќе се помачи на гостувањето кај Тетекс. Тимот од Дебар Маало кој атакува на враќање во Првата лига стигна до четвртата победа од стартот на сезоната во петиот натпревар славејќи со 1-0. Голот на одлука падна пред крајот на првото полувреме што се покажа како доволен за триумф.
Во вториот натпревар Охрид се врати со три бода од гостувањето кај Детонит со триумф од 2-0. Двата гола охриѓани ги постигнаа во вториот дел и така се искачија на врвот на табелата со бод повеќе од Пелистер кој ги победи во дербито минатото коло.