Рен немаше одговор: Лион ги испрати гостите со четири гола во мрежата!

Поранешниот француски шампион Лион одигра фантастичен натпревар против Рен и славеше со убедливи 4-0 во петтото коло од Лига 1.

Лион постигна по два голови во двете полувремиња. Најпрво Нуама стрелаше два пати во првиот дел, а потоа Атекаме и Толисо ги поставија конечните 4-0.

Со оваа победа, Лион скокна до втората позиција и има 11 бодови, односно два поени помалку од лидерот Монако.

Фото: Facebook/Olympique Lyonnais - OL