Спектакл во Рим: Мартинез со два гола го спаси Интер од пораз! (ВИДЕО)
Коне по само шест минути ја затресе мрежата на „нераѕурите“, а половина час подоцна зголеми на 2-0 за Рома.
Интер почна да се буди во вториот дел, па уште на стартот Мартинез намали на 1-2, додека во завршницата од дуелот постигна и втор погодок за конечни 2-2.
Рома и Интер се на делба на првата позиција со по 13 бодови, а по нив следи Каљари со 12 поени.
Фото: Inter/Facebook