Тиквеш се бореше храбро, но загуби во првиот меч против Еш
Тиквеш имаше добар почеток и предност од 7-5 и се бореше храбро против Еш, кој стигна до израмнување до полувреме (14-14).
Еш заигра подобро во вториот дел, па следеше и пресврт. Тиквеш се бореше да ја анулира негативата, меѓутоа на крајот загуби со три голови разлика (27-30).
Најефикасен во редовите на Тиквеш беше Бен Азиз со девет голови, додека Енес Аговиќ постигна шест погодоци кај Еш.
Фото: Facebook/ГРК Тиквеш 2014