Охрид без проблеми го совлада Бутел, Пелистер 2 подобар од Мулти Есенс
„Гладијаторите“ од Охрид уште во првото полувреме ја најавија победата, откако по ефикасните 30 минути водеа со 21-14, додека во вториот дел ја зголемија разликата до конечни 41-32.
Најефикасен во победата беше Дарко Ѓукиќ со 10 голови, додека Дејан Михајловиќ запиша пет погодоци за Бутел.
Пелистер 2 играше сигурно против Мулти Есенс и го доби првиот дел со 16-13, додека во вториот дел следеше период со неизвеност, но битолчани на крајот се радуваа со 30-29.
Кристијан Симоновски со осум голови беше најдобар стрелец кај Пелистер 2, додека Давид Трајковски постигна шест голови за Мулти Есенс.
Фото: Facebook/ГРК Охрид - GRK Ohrid