Почина Томче Филиповски - легенда на Работнички и екс-претседател на Фудбалскиот сојуз на Југославија
Филиповски во својата кариера помина дури 18 години во клубот од Дебар Маало и во тој период настапи на 633 натпревари и во нив постигна 225 погодоци. Добиваше бројни понуди додека го носеше дресот на Работнички, но никогаш не го напушти и целата кариера ја помина во Дебар Маало.
По повлекувањето од фудбалските терени остана во фудбалот како фудбалски работник и функционер, а во еден период беше и претседател на Фудбалскиот сојуз на Југославија од 1987 до 1991 година. Под негово водство репрезентацијата на Југославија беше дел од Олимписките игри во 1988 година и Светското првенство во 1990 година.
Погребот ќе се одржи утре на Градските гробишта во Бутел од 11:30 до 12:30 часот.