Челси влегува во нова ера: Боли заминува по голема борба за контрола на тимот
„Клеарлејк“ ги откупи акциите на Тод Боли и Марк Волтер, со што стана целосно контролен сопственик на лондонскиот премиерлигаш. Боли, кој беше претседател на клубот, истовремено ја напушта функцијата. Вредноста на трансакцијата според медиумите изнесува околу 950 милиони фунти.
Боли и „Клеарлејк“ заедно го предводеа конзорциумот кој во 2022 година го купи Челси од Роман Абрамович, а „Клеарлејк“ претходно поседуваше 61,5 проценти од клубот, додека Боли, Волтер и швајцарскиот милијардер Хансјорг Вајс имаа по 12,8 проценти.
Од клубот соопштија дека промената на сопственичката структура нема да донесе промени во функционирањето, раководството или актуелната стратегија на Челси.
Фото: Chelsea Football Club /Facebook