Роналдо има уникатна идеја: Може да стане и газда на Ал Наср?

Кoнзорциум од инвеститори, во кој се Кристијано Роналдо и Гери Кардинале, сопственикот на Милан, подготвува понуда за купување на саудискиот клуб Ал Наср од тамошниот Јавен инвестициски фонд.

Покрај Роналдо и Кардинале во групата се и претприемачите Ибрахим Ал-Мухаидиб, Мохамед Ал-Кураиџи и Шараф Ал-Харири.

Според планот, секој од петте членови на конзорциумот ќе инвестира најмалку 100 милиони долари, што е приближно 92 милиони евра. Таквата инвестиција би обезбедила значителен капитал за структурата и работењето на клубот од Ријад.

Со реализацијата на овој договор, Кристијано Роналдо повеќе нема да биде само прва ѕвезда на тимот, туку и косопственик на клубот за кој настапува. Тоа би претставувало уникатна ситуацјија во кој активен фудбалер станува и акционер во клубот. Ал Наср инаку му плаќа на Роналдо 200 милиони долари годишно.

Преговорите влегуваат во завршна фаза. Претставници на групацијата и останатите инвеститори во следните 48 часа би требало да се сретнат со раководството на фондот. На тој состанок ќе се одлучи дали саудискиот државен фонд ќе ја прифати понудата и ќе ја препушти контролата над Ал Наср или пак преговорите ќе бидат прекинати.