Aнчелоти не штедеше критики: Италија веќе не создава квалитетни фудбалери!

Искусниот италијански стратег и селектор на Бразил, Карло Анчелоти смета дека Фудбалскиот сојуз на Италија работи лошо и системски, па поради тоа репрезентацијата нема квалитетни играчи.

Како доказ за неговото размислување, Анчелоти го посочи тоа што најголемите клубови во своите редови немаат квалитетни италијански играчи.

„Мислам дека Италија во последните години не успеа да создаде добра генерација врвни играчи. Дотолку повеќе што сега, на пример, во најдобрите италијански клубови како Милан, Интер и Јувентус нема ниту еден квалитетен италијански напаѓач“, истакна Анчелоти.

Италија не успеа да се квалификува на последните три Светски првенства, што е скандалозно со оглед на богатата фудбалска традиција што ја има.

„Сметам дека Италија мора да учествува на следното Светско првенство. Верувам дека новата генерација играчи, оние во категориите до 17 и до 20 години многу добро се натпреваруваа на европската сцена. Мислам дека таа нова генерација во Италија ќе биде подобра и дека Италија може да се пласира на следното Светско првенство“, порача Анчелоти.