Одличен дриблинг, па „бомба“ - мајсторија на Чурлинов во Полска! (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец, Дарко Чурлинов постигна одличен гол во победата на Погон Шченин над Виечиста Краков во Полска со 2-0.

Чурлинов на сцена стапи по еден час игра кога прво со одличен дриблинг мајсторски се ослободи од својот чувар и испрати силен удар без да му остави шанси на противничкито голман на интервенира.

За Чурлинов ова беше втор гол по пет кола во најсилното полско првенство, додека неговиот тим дојде до 12 бодови.