Пораз и од Украина без освоен сет за одбојкарите

Македонската одбојкарска репрезентација претрпе уште еден пораз на Европското првенство и повторно без загубен сет откако денес Украина беше подобра со 3-0.

Украинците ја имаа фаворитската улога и пред натпреварот, но ние знаевме да се заканиме на моменти и во голем момент од средбата бевме рамноправни.

Сепак, немавме решение за одличниот сервис кој беше најсилно оружје на нашиот противник во овој дуел. Украинците од самиот почеток беа во водство кое во првиот сет најмногу одеше до „плус седум“ (16-9). До крајот ние успеавме само да дојдеме до 25-22.

Слична беше сликата и во вториот сет, одново Украинците побегнаа, а ние на крајот стигнавме до идентични 25-22. Во третиот сет нашата игра како и целосно да се распадна освоивме само десет поени за 25-10.

Третиот натпревар во Софија Македонија го игра за две дена и повторно против исклучитело силен, репрезентацијата на Полска. Тој дуел е закажан за во терминот од 18:00 часот.