Легендите удрија по Арсенал: Можеби гази во Премиер, но нема офанзивна моќ за ЛШ!

Поранешните англиски репрезентативци, Гари Линекер и Мика Ричардс, изразија сомнеж околу шансите на Арсенал за освојување на титулата во Лигата на шампионите оваа сезона.

Иако избраниците на Микел Артета се сметаат за едни од главните фаворити, особено по минатогодишното финале во кое беа поразени од ПСЖ по изведување пенали, стручните аналитичари сметаат дека на лондонскиот состав му недостига индивидуален квалитет за искачување на европскиот врв.

Арсенал успешно ја започна новата европска кампања со победа над Наполи (1-0), обезбедена со погодокот на Мартин Одегард. Сепак, анализирајќи ги шансите на лондонскиот тим, Линекер истакна дека на екипата ѝ недостигаат играчи кои можат да направат разлика во клучните моменти. Како еден од најсериозните кандидати за трофејот тој ја посочи екипата на Барселона.

„Арсенал ќе биде еден од фаворитите, но мислам дека во целина немаат баш такви суперѕвезди какви што имаат некои други големи клубови во Европа. Мислам дека Барселона би можела да биде многу незгодна и дека ќе биде тешко да се победи оваа сезона, особено сега кога го имаат Родри на таа клучна позиција“, изјави Линекер.

Сличен став дели и поранешниот дефанзивец на Манчестер Сити, Мика Ричардс. Тој смета дека дефанзивната цврстина на Арсенал е доволна за доминација во Премиер лигата, но ја доведе во прашање нивната офанзивна моќ во елитното европско натпреварување.„Топчиите“ летово се обидуваше да ги осигура потписите на Хулијан Алварез и на Винисиус Жуниор за да го засили нападот, но тие трансфери не се реализираа.

„Немам никакви сомнежи кога е во прашање Арсенал во Премиер лигата, но не сум сигурен за Лигата на шампионите. Мислам дека за нив, доколку сакаат да станат вистинска сила во Европа, Хулијан Алварез би бил идеален за нив“, истакна Ричардс.