Почнува ракометната ЛШ во нов формат, Барса ќе го брани европскиот трон

Денеска почнува новата сезона во ракометната Лига на шампиони која ќе биде и прва со новиот формат во кој 24-те екипи се поделени во шест групи по четири тима.

Ова е и сезона во која македонскиот шампион, Вардар се враќа помеѓу ракометната елита, а ќе игра во групата „Б“ каде што се уште Нант, Мелсунхен и Висла Плоцк. Првиот натпревар Вардар го игра утре на гости кај Мелсунген, а денеска беше потврдено дека тренерот Иван Чупиќ поради суспензија нема да може да смета на Урош Митровиќ.

Новиот систем ќе биде сличен на оној со кој се играше фудбалската Лига на шампиони пред воведувањето на лигашки систем. Првите две екипи од секоја група ќе продолжуваат во следната фаза, додека третиот и четвртиот ќе продолжи во Европската лига.

Бранител на титулата е Барселона која во својата група Е ќе игра против Монпелје, Динамо Букурешт и Архус. Еден од фаворитите секако е и Фуксе Берлин, бундеслигашот во последните две години беше вицешампион и тој ќе биде противник на Раул Гонзалес и Партизан во групата А, таму се и Веспрем и Порто.

ДЕНЕСКА НА ПРОГРАМАТА:

18:45 часот: Алборг – ПСЖ

Кјелце – Криенс

Загреб – Целје

Веспрем Порто

20:45 часот: Барселона – Сакндерборг

Магдебург – Колштад

Нант - Висла