Алкараз пишува историја в Њујорк - подобар е од Ѓоковиќ, Надал и Федерер

Карлос Алкараз продолжува да ја потврдува својата позиција како еден од најголемите тениски таленти на новата генерација. Шпанецот со само 23 години веќе има постигнувања со кои влегува во друштво на најголемите имиња во историјата на спортот.

Алкараз во 2026 година го комплетираше календарот со освојување на сите четири гренд слем турнири во кариерата, откако триумфираше на Австралија опен. Со тоа стана најмладиот тенисер во опен ерата кој успеал да стигне до трофејот на сите четири најголеми турнири.

Особено импресивно е што Шпанецот до ова достигнување стигна пред Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Роџер Федерер. Алкараз на 23 години веќе има седум гренд слем титули, бројка која го издвојува како еден од најуспешните млади играчи во историјата. На актуелниот УС Опен тој повторно ја оправдува улогата на еден од главните фаворити. Алкараз, кој е бранител на титулата, по пауза од речиси пет месеци поради повреда на зглобот се врати на теренот и стигна до четвртфиналето. Во осминафиналето убедливо го совлада Томи Пол со 6-4, 6-3, 6-4.

Со тоа Шпанецот стигна до 18 последователни победи на гренд слем турнирите, а во Њујорк петтипат во кариерата обезбеди место во четвртфиналето. Следен противник ќе му биде Американецот Бен Шелтон. За разлика од Алкараз, Новак Ѓоковиќ доживеа шокантна елиминација уште во првото коло, откако загуби од Маријано Навоне. Тоа беше негов најран пораз на гренд слем турнир во последните 20 години.